Вести Свет Топ вести

95 лица загинаа во силен земјотрес со јачинаа 7,1 кој го погоди Тибет

Силен земјотрес го погоди местото Шигаце во Тибет во кој загинаа 95 лица, а 130 се повредени. Земјотрес со магнитуда 7,1 го погоди северното подножје на Хималаите во близина на светиот град во Тибет, а потресот бил почуствуван и во Непал, Бутан и Индија. Околу 1.500 пожарникари и спасувачи  се ангажирани.

Исплашени луѓе ги напуштија своите домови и излегоа на улиците барајќи помош. Уништени куќи и срушени згради, оштетени покриви и разурнати улици се последици од земјотресот, а според локалните кинески власти се смета дека се оштетени над илјадници куќи и објекти.

Околу 50 последователни потреси беа регистрирани во три часа по земјотресот, а областа Монт Еверест на кинеската страна e затворена по земјотресот. Струјата и водата во регионот се во прекин.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест, кој се протега на границата. Областа е сеизмички активна и е место каде што се судираат плочите на Индија и Евроазија и предизвикуваат издигнувања на хималајските планини.

Кинескиот лидер Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за спасување на луѓето, минимизирање на жртвите и преселување на оние чии домови се оштетени.

На спасувачките и пожарникарските екипи им се придружуваат и новинарите на пат кон областа погодена од земјотресот.

  • „Репортерите на кинеската новинска служба сега се на експресниот пат Ласа-Шигатсе, а пред нас, возило на националната комуникација за итни случаи се упатува кон областа на земјотресот. Во областа на земјотресот околу 19:40 часот, видовме и многу противпожарни возила кои се ределе да наполнат гориво патот, и тие беа целосно натоварени и подготвени за тргнување“ изјави Кунсанг Лхамо, репортерката на сервисот за вести на Кина. 

Шигаце е дом на околу 800.000 луѓе и е еден од најсветите градови на Тибет. Регионот блиску до епицентарот е опкружен со изолирани села за кои се проценува дека живеат над 6 илјади луѓе.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе