Вести Македонија Топ вести

Се струполил пред нив во паркот, го реанимирале и повикале брза помош – четвртооделенци од Штип спасиле пензионер во бесознание

Малечки, но уште од сега се големи херои. Деветгодишните Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија возрасен маж. Пред три дена додека играле фудбал во паркот во населбата „8 Ноември“ забележале како дедото на нивно другарче од училиштето паѓа во безоснание, додека станувал од клупата.

Наставничките Ванѓе Манева и Елена Дубровска велат дека нивните ученици се млади херои кои покажаа дека вистинското знаење се мери не само со училишните успеси, туку и со неговата примена во најважните моменти од животот. Сметаат дека хуманоста е одлика на силните, на оние коишто умеат да сакаат, да даваат и помогаат.

Четвртооделенците, Марко, Ристе, Михаил и Давид одржаа лекција како треба да се реагира кога на некој му е загрозен животот и какошто велат нивните наставнички вака изгледаат вистинските хуманисти од мали нозе.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Дејан Дејан

Додик тврди дека Велика Британија планира депортација на мигранти во Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе