Во свет каде што новинарството е на удар, Мари Колвин (Розамунд Пајк) е една од најпознатите воени дописници на нашето време. Колвин е крајно бестрашен и бунтовен дух, доведен до првите линии на конфликтите ширум светот за да им даде глас на безгласните, додека постојано ги тестира границите помеѓу храброста и лудоета. Откако беше погодена од граната во Шри Ланка, таа носи препознатлив превез за очи и сè уште ѝ се дружи и пие мартини со лондонската елита, како што се соочува со диктаторите. Колвин ги жртвува љубовните врски и со текот на времето, нејзиниот личен живот почнува да се распаѓа бидејќи траумата на која била сведок го зема својот данок. Сепак, нејзината мисија да ја покаже вистинската цена на војната ја наведува, заедно со познатиот воен фотограф Пол Конрој (Џејми Дорнан), да се впуштат во најопасната задача во нивниот живот во опколениот сириски град Хомс.
МОЈАТА ЛИЧНА ВОЈНА – среда, 01 јануари 2025 – 20:50
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.