Вести Македонија Најважни

Протест за чист воздух: Граѓаните бараат итни мерки

Со транспаренти „Сакаме чист воздух“ и „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, голем број граѓани излегоа на протест против загадувањето на воздухот.

Барајќи итни и конкретни мерки екоактивистите  на марш тргнаа од Министерството за животна средина, каде што изразија незадоволство од недостатокот на ефикасни политики за справување со аерозагадувањето.

Потоа колоната се упати кон Собранието, Владата и на крај заврши пред бараките на Град Скопје.

На секоја локација тие кажаа пораки со кои повикуваат на акција за подобрување на квалитетот на воздухот.

Супер дека било загадено и порано. Треба ли да се помириме со тоа и да речеме добро било загадено па сега ќе продолжиме така. Ништо не можеме. И тоа како можеме да се справиме со загадувањето. Ние не сме Индија со милиони и милијарди граѓани туку сме Македонија со едвај два милиони жители, изјави Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Од Институтот за биометриски истражувања кои дадоа поддршка на овој протест велат дека овој е проблем за сите генерации. Бараат дела, а не ветувања. Тие имаат план како да се реши проблемот со загадувањето на воздухот, но надлежните немаат слух за нивните предлози.

Има многу мали мерки кои можат веднаш да се имплементираат и да дадат брзи мерки. Мора да направиме мониторинг, каде што ќе имаме мерни станици кои ќе се поставуваат на 30 до 60 метри низ целиот град. Тие континуирано ќе го мерат загадувањето на воздухот 24 часа. Со тоа секој граѓанин, во секој момент ќе знае какво е загадувањето на воздухот на одредена локација, вели Сашо Манасов од Институт за биометриски истражувања. 

Демонстрантите најавија дека ќе продолжат со вакви акции доколку надлежните не одговорат со конкретни мерки за решавање на овој горлив проблем.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе