Култура

Потребнo е интерресорски да се решат работите за редовно објавување книги со Брајова азбука

За 80 години независна Македонија, денеска за прв пат беа промовирани капитални изданија со Брајова азбука, наменети за лица со оштетен вид. Станува збор за книгите „ Приказни за Зоки Поки“, „ Сказна за детето Вилен “ и „ Белото Циганче“, чии автори се класиците на македонската литература за деца , Оливера Николова, Глигор Поповски и Видое Подгорец. Според претставникот на издавачкиот центар АЛДЕБАРАН, кој што ги објави трите изданија, потребно е интерресорски да се решат работите за да ваквите книги со Брајова азбука редовно се објавуваат.

  • Што ли стана со тоа дете ? Сите викаат по Зоки Поки, а Зоки Поки од никаде не се јавува. Ах, какво дете !

Јована Трајчевска, матурантка од училиштето за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „ Димитар Влахов“ од Скопје, чита од новобојавената книга со Брајова азбука „ Приказни за Зоки Поки “ од Оливера Николова. Иако книгата ја знае од слушање во аудио формат, вели дека има посебна маѓија кога се чита од издание во хартиена форма.

  • Ова е за мене веќе слушната приказна. Сепак ќе ги земам да ги прочитам, да се навратам на тие моменти, затоа што едно е кога нешто слушате во аудио формат, а друго е кога книгата ќе ја земете, ќе ја помирисате, ќе ја почувствувате и сами ќе ја прочитате, вели Јована Трајчевска, матурантка од училиштето „ Димитар Влахов“.

Покрај „ Приказни за Зоки Поки“, како некомерцијални , скапи изданија, денеска беа промовирани и книгите за деца со Брајово писмо  „ Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „ Белото Циганче“ од Видое Подгорец. Според претставникот на Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН од Струга, кој што ги објави изданијата во соработка со експерти од училиштето „ Димитар Влахов“, редно време било да се објават вакви книги зашто за 8 децении независност на Македонија, од разни причини тоа било пропуштено. Стефоски кажа дека е потребно министерствата за образование, култура и социјална политика да решат некои работи, за да книгите со Брајова азбука станат секојдневие.

  • Интерресорски треба да се решат некои работи за да може редовно, без некаква инцидентна основа да ги приопштуваме ваквите изданија , да бидат објавени. А, нашиот поттик беше и другите издавачи да можат да објавуваат книги, кои се дел од нивната издавачка програма. И да бидат редовно објавувани на Брајово писмо, кажа Мите Стефоски , претставник на Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН.

Според директорката на училиштето „Димитар Влахов“, Брајовата азбука , која годинава одбележува 200 години од креирањето од страна на Луј Брај, е симбол на рамноправност, самостојност и неограничени можности за слепите лица.

  • Преку овие книги , не само што ги образуваме нашите ученици , туку ги подготвуваме за живот, ги правиме независни , им ја јакнеме самодовербата, рече Александра Јаковчевска, директорка на училиштето „ Димитар Влахов“.

Објавувањето на трите книги од класиците на македонската литература за деца, го финансира Министерството за култура. Па , по еден комплет доби училиштето „ Димитар Влахов“ и Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“, за нејзиното Брајово катче. На настанот во Градската библиотека, со пригодна програма настапија ученици од училиштето „ Димитар Влахов“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе