Вести Свет

Бил Клинтон хоспитализиран откако добил висока температура и треска

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон бил хоспитализиран синоќа во Вашингтон откако добил висока температурата и грозница.

Клинтон, кој е на возраст од 78 години, „е примен во МедСтар Универзитетската болница Џорџтаун каде се вршат тестирања и се набљудува неговата состојба“ изјави Анхел Урена, заменик-шеф на кабинетот на Клинтон, пренесе „Ен-Би-Си“. -Тој е во добро расположение и благодарен за грижата што ја добива, додаде Урена.

Извор близок на Клинтон изјавил дека ситуацијата „не е итна.“

Поранешниот претседател ќе биде добро. Доби треска и сакаше да биде проверен. Тој е буден и свесен.

Клинтон имаше повеќе здравствени проблеми откако ја напушти функцијата пред речиси 25 години.

Во 2004 година му беше извршена операција за бајпас на четири коронарни артерии и повторно повторнохоспитализиран во 2010 година за друга процедура на срцето, кога му беа вградени два стента во коронарна артерија.

Во 2021 година тој беше хоспитализиран шест дена во Калифорнија поради уролошка инфекција која се проширила во неговата крв.

Клинтон активно учествуваше во кампањата на Камала Харис. Тој е еден од ретките демократските политичари кој уште од 1976 година редовно говори на секоја Демократска национална конвенција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе