Вести Свет Топ вести

(Видео) Германски медиуми: Најмалку 11 загинати луѓе, над 60 повредени – автомобил со голема брзина влета меѓу луѓе на Божиќен саем во Магдебург

Најмалку 11 лица загинаа, а 60-тина се повредени, откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќен саем во германскиот град Магдебург, јави „Билд“. Возачот на автомобилот е уапсен, а германската полиција се сомнева во терористички напад. Според „Велт“, станува збор за маж од Саудиска Арабија кој е роден во 1974 година и не бил познат на германските власти како исламист.

Иницијалните проценки, пак, на градските власти на Магдебург велат едно лице загинало, а над 70 се повредени од кои 15 се наоѓаат во тешка состојба.

Според изјави на сведоци, возачот ја пробил бариерата на саемот и возел цик-цак со намера да прегази што повеќе луѓе. Местото на божиќниот саем е преполно со полиција и екипи на итната медицинска помош.

Локалните власти соопштија дека дел од повредените се во тешка состојба и упатија предупредување до граѓаните да не одат во центарот на градот.

Последен ваков инцидент во Германија се случи во Берлин во 2016 година, кога радикален исламист влета во толпа луѓе со камион, пришто усмрти 13 луѓе, а повреди 67.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе