Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.
Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена. Двете лица се недостапни за органите на прогонот.
Притвор од 30 дена им беше определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами.
Во истрагата се вклучени и други осомничени за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на јавни набавки.
МВР поднесе кривична пријава против осум лица за различни кривични дела.
МВР вчера пак соопшти дека поднеле кривична пријава за повеќе дела и против други лица поврзани со криминал во Државната лотарија.
Во обвинителството велат дека останатите работи од кривичната пријава се во фаза на проверка.
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и Груби се пријавени дека спротивно на законот овозможиле основање на Новата државна видеолотарија, а поранешниот генерален секретар Методија Димовски дека овозможил отворање на три нови лотарии за интернет коцкање.
Се очекува Обвинителството да нареди распишување на потерници за Груби и Бајрами