Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за објава на национална и меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија.
Притвор од 30 дена им беше определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами.
Во истрагата се вклучени и други осомничени за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на јавни набавки.
Обвинителството ќе нареди распишување на потерници за Груби и Бајрами
МВР поднесе кривична пријава против осум лица за различни кривични дела.
МВР вчера пак соопшти дека поднеле кривична пријава за повеќе дела и против други лица поврзани со криминал во Државната лотарија.
Во обвинителството велат дека останатите работи од кривичната пријава се во фаза на проверка.
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и Груби се пријавени дека спротивно на законот овозможиле основање на Новата државна видеолотарија, а поранешниот генерален секретар Методија Димовски дека овозможил отворање на три нови лотарии за интернет коцкање.
Да не избегаше пред акцијата, Груби немаше да добие притвор, смета поранешната обвинителка Вилма Русковска.
Одлуките на владата се колективни и за нив важи функционален имунитет, но доколку има криминал поврзан со нивно носење, треба да се најде одговорност, рече адвокатот Драган Малиновски во синоќешната Топ Тема на Телма.