Вести Македонија Најважни

Koшта: Билатерализацијата не е фер начин

Има нова динамика во процесот на проширување и забележлив прогрес од нашиот последен самит, пишува во Декларацијата што ја усвоија лидерите на ЕУ и Западен Балкан на Самитот во Брисел. Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот ,безбедноста, стабилноста и просперитетот, се наведува во документот, а истото гокажаа европски челници на прес-конрференцијата по завршувањето на Самитот. Унијата ги потсетува балканските земји на неопходните реформи за членство, како владеење на правото и слободата на медумите,на пример,но нагласува и дека регионалната соработка и и доборососедските односи се срцето на Европксата Унија.

Прашани за билатерализација на процесот европските дипломати се залагаат за компромиси и решенија во надминување на билатерланите проблеми

  • „Билатерализацијата не е фер начин за да се справиме со пристапување, треба да ја избегнеме, и треба и лично сум ангажирам да се обидеме, да ги надминеме билатералните проблеми, бидејќи треба да гледаме на проширувањето,како на многу важна геополитичка инвестиција. не само за Западниот Балкан, туку и за заеднички интерес на 27 земји членки“ изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет.
  • „Моето искуство низ годините е дека, апсолутно најважно е да работиме кога постојат вакви проблеми,  да најдеме решение, компромиси.Оваа функционира, некогаш го забавува процесот, го знам тоа, но секогаш функционира, и кога ќе погледнете низ целата ЕУ има историја и приказна на пронаоѓање на решенија и компромиси, уверена сум во тоа“ изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Во декларацијата од Самитот конкретно се спомнати и Договорите со Грција и Бугарија и нивното спроведување.

  • „Спроведувањето на меѓународните договори во добра волја и со опипливи резултати вклучително и договорот од Преспа со Грција и договорот за добрососедството со Бугарија се суштински“ пишува во Декларацијата донесена на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

На Самотот присуствуваа шесте лидери од земјите од Западен Балкан, а македонската делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. Тој денеска се сретна со високата претставничка за надворешна политика на Унијата Каја Кала, на која и ги пренел позициите на Македонија во однос на европските интеграции.

„На состанокот разговаравме за сите оние стравови и за сето она што ние како држава и како народ моравме да го направиме во минатото во име на тие исти европски вредности и дека никогаш повеќе не смееме не само поради нас туку и поради вредностите коишто ги споделуваме со Европската Унија да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, и никогаш повеќе никој нема право да го оспорува нашиот  многувековен идентитет  и нашиот мајчин, македонски јазик којшто има многувековни корени“ изјави Христијан Мицкоски Премиер на РСМ

За да почне да отвора кластери во преговорите со ЕУ, Македонија треба да направи уставни измени со внесување на Бугарите, што е дел од преговарачката рамка.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Претседателката нема да предлага член на Судски додека не се донесе новиот закон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе