Вести Македонија Топ вести

Косовскиот почесен конзул го превезол Груби со дипломатско возило во Косово, Прпарим Бајрами одамна ја напуштил земјата, откри премиерот Мицкоски

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.

Груби, кон Косово, патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Македонија. Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејстувал во Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР во Приштина кога, Парпанику ја презеде позицијата конзул.

Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.

Во 2019 година, Папранику го доби признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.

Поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами повеќе денови не е во државата и ја напуштил Македонија додека траела истрагата. Премиерот Мицкоски овие детали од истрагата ги соопшти во интервју за ТВ 21.

Поради тоа, се будат сомнежи дека Бајрами знаел за тековната истрага со која е опфатен заедно со Груби. Обвинителството и за двајцата бара притвор додека се уште трае истрагата за набавка на ВЛТ апарати за коцкање.

Артан Груби и Перпарим Бајрами осомничени за злоупотреби во Лотарија, кривична имало и за Ковачевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе