По објавата дека поранешниот прв вицепремиер на Македонија, Артан Груби избегал од државата, преку својот профил на Фејсбук тој ги демантираше ваквите информации велејќи дека станува збор за шпекулации.
Денеска бев во приватна посета.
Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате.
Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување.
Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, напиша Груби.
Со оваа изјава, Груби ги отфрли сите наводи кои се појавија во јавноста, повикувајќи на точност и одговорност при пласирањето на информации.
Дел од медиумите на албански јазик во земјава вчера објавија дека Груби избегал од државата преку граничниот премин Блаце и се упатил во Косово откако претходно реши да се повлече од ДУИ.
Тврди дека е чист како солза, но не сака да и биде на товар на партијата откако беше ставен на црната листа на САД, а неговиот лидер Ахмети не сакаше да се откаже од него се дури не се потврди дека бил вмешан во корупција.
Одлуката на Стејт департмент на САД за ставање црната листа поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети, според министерот за европски прашања претставува срам за правосудството и државата.