Вести Македонија Најважни

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, треба да биде поважно од билатералните прашања, сметаат европските либерали

Нон-пејперот кој предвидува укинување на ветото и блокадата поради билатерални прашања ќе го забрза процесот на проширување, сметаат европскител либерали. Европратеникот Дан Барна очекува и социјалдемократите и конзерватиците да ја прифатат оваа иницијатива која Брисел ја доставиле Германија и Словенија.

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова која е избрана за нов претседател Либералната мрежа на Југоисточна Европа, која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа смета дека овој нон-пејпер е добар и треба да стане реалност затоа што ќе значи побрз напредок на земјите кандидатки и ќе оневозможи меѓусоседски блокади. Конкретно за Македонија таа го повтори ставот за уставните измени со одложено дејство. Измените да се направат веднаш, а во уставниот закон да се предвиди одложена примена односно уставните измените да влезат во сила тогаш кога сите земји членки мегу кои и Бугарија ќе го прифатат пристпаниот договор за членство на земјава во ЕУ. Таа смета дека е потребна и унифициран и координиран став на партиите за државните позиции

Европратеникот Барна кој во Скопје присуствуваше на конфереција посветена на следните чекори на ЕУ  во однос на проширувањето  го пренесе ставот на ЕК и ЕП дека проширувањето е меѓу врвните приоритети на Унијата.

Информацијата за нон-пејперот со јавноста ја сподели министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон. „Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, за да немаме премногу можности да ставиме вето и да блокираме соседи поради билатерални прашања и да ја искористиме можноста за гласање со квалификувано мнозинство неколку пати во текот на процесот“, изјави Фајон.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе