Вести Економија Најважни

Јовановиќ: Податокот за 3 отсто раст на БДП не е лош, но е далеку од спектакуларен и не треба да се слави

Секојдневното пазарење на граѓаните и трошењето на државата се главните двигатели на домашниот БДП кој во третиот квартал е 3 отсто. Со овој  податок премиерот Мицкоски е задоволен, но за дел од познавачите е далеку од спектакуларен. Економскиот аналитичар Јовановиќ смета дека зголемувањето на БДП од 0, 3 отсто во однос на лани или 0, 2 во однос на претходниот квартал, покажува дека ништо значајно не се случило со економијата. Тоа е затоа што луѓето поради растот на  платите имаат нешто повеќе пари  да трошат и на тој начин го билдаат БДП, то, но за кратко. На долг рок за добар раст неопходни се инвестиции, извоз – ставки кои според статистика стагнираат.

Она што движи раст е извозот и инвестициите, но за жал нема подобрување, извозот  има пад за тоа не можете да обвинувате ниту една влада затоа што проблемот е во Германија, но инвестициите се многу мали и дали ќе имаат некој минимален раст, а за тоа можете да ги обвините и сегашната и претходната влада. Иако, податоците за растот на БДП во трет квартал не се лоши тие се далеку од спектакуларни и воопшто не треба да се слави, вели за Телма економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

И од економскиот институт Фајнанс Тинк  анализираат дека забрзувањето на активностите е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка но и државните трошења од јули до септември.

Премиерот Мицкоски пак е задоволен од ваквите бројки, тврди дека се едни од најдобрите.

Бројката од 3 проценти е една од најголемите во рамките на ЕУ, само пет држави од ЕУ имаат подобра стапка на раст, а што се однеусва до регионот помала стапка на раст имаат две земји членки на Европската Унија, вгели премиерот Христијан Мицкоски. 

Јовановиќ пак смета дека ако достигнеме 5 отсто раст би можеле да зборуваме, вакви стапки нема ништо да променат.

Во ЕУ имате две држави повисок раст на БДП тоа се Шпанија и Кипар, во регионот Србија има раст повисок  од нас а останатите земји се уште немаат ниту објавено за трет квартал. Веројатно и Косово ќе има подобар раст и Албанија и Црна Гора.  Раст од 3 проценти според ниту еден економист  не е фантастичен, ако имаме 5 отсто, тогаш можеме да се фалиме, додава Јовановиќ

По сектори, во трговијата има пораст од 10,6 проценти. Но, паралелно во истиот период бруто инвестициите стагнираат, а извозот и увозот се на нула.  Индустријата пак бележи пад од 4, 6 отсто. Мискоски очекува  овој раст да биде повисок во следниот квартал.

Според, Јовановиќ можно е да се заврши годинава со повисоки стапки,  дури и  од оние на  меѓународните институции, но не затоа што ќе се придвижи економијата, туку заради ревидирањето на податоците од статистика кое после долги години повторно се направи.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе