Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднаа од зграда во скопска Кисела Вода, дознава Телма од очевидци на настанот. Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврди веста, со дополнување дека жената починала на лице место, а малолетникот е пренесен во Ургентниот центар за укажување на помош.
„На 03.12.2024 година во 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територијата на Кисела Вода, две лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С. (69) ОД Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишниот малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.