Македонија

Коалицијата „ Менуваме“ бара јавна расправа за проблемите од нестручноста на Министерството за социјална политика

Повторното доцнење 3 месеци на исплатата на надоместоците за персоналните асистенти, најавата за селективно зголемување на додатоците за попреченост и кратењето на буџетот за социјални услуги за 40% следната, во однос на оваа година, се темите на кои денеска во Собранието разговарале од Коалицијата „ Менуваме“, што ги застапува правата на лицата со попреченост, со претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути. Од Коалицијата побарале да се одржи јавна расправа, за како што велат, проблемите создадени поради нестручното работење на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

  • Побаравме веднаш и сега да се свика јавна расправа, да биде поканет министерот , да се открие зошто 3 месеци не се исплатени парите, а истовремено и автентично толкување или применување на законот. Поточно, она што го зборуваме ние, персоналните асистенти веќе да не бидат зависни од провајдерите, туку како членот 76 што го дефинирал. Со проширување на истиот член персоналните асистенти да бидат во склоп на центрите за социјална работа , со што би го добивале нивниот месечен надоместок, што го заработуваат. И втората точка беше, Прелог- измена на детската социјална заштита, бидејќи министерот , како што кажавме, на 04. Ноември изјави дека за едните ќе се покачува, за другите нема да се покачува. Ние побаравме на сите, едногласно да се предложи во законот, покачување на додатокот за 50%. И многу битна работа, во буџетот во август видовме дека имаме парични средства за сервисирање нови сервиси, но во праксата ги нема парите. И затоа побаравме да се провери  зошто се крати од буџетот 40%. И тоа да го одговори министерот, кажа Суарет Алишан од Коалицијата „ Менуваме“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе