Вести Македонија Најважни

Скопјанец осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 41-годишен скопјанец осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на улицата „Методија Шаторов – Шарло“.

Против него е покрената постапка за тешки дела против општата сигурност, за кои е предвидена казна според член 292 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 25 ноември осомничениот со умисла предизвикал пожар од поголем обем, загрозувајќи животи, тела и имот од поголеми размери. Претходно, тој набавил секира, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. Утрината на критичниот ден, маскиран со „фантомка“, скршил врата на просториите на Комората, наредил коцки керозин на скалите, поставил плински боци и ги потпалил.

Пожарот предизвикал значителна штета, проценета на околу 9,255,000 денари. Непосредно по настанот, осомничениот со своето возило ја напуштил земјата преку граничниот премин „Блаце“ и од тогаш е недостапен за органите на прогонот.
Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе