Лос Анџелес лејкерс го запишаа петтиот пораз на последните седум натпревари во НБА-лигата откако утринава загубија на гостувањето кај Минесота со 109-80. Леброн Џејмс е во очајна форма со шутот од далечина, бидејќи има промашено дури 19 обиди за тројка по ред, а утринава реализираше само 10 поени. Ентони Дејвис имаше 12 поени и 11 скока.
Шампионот Бостон иако беше без Џру Холидеј, Ал Хорфорд и Кристапс Порцингис, го совлада Мајами со 108-89. Џејлен Браун имаше 29 поени за Селтикс, додека Пејтон Причард реализираше 25 поени. Хит беа без Џими Батлер, па Хаиме Хаскез беше најефикасен со 19 поени и 10 скока, а 19 поени имаше и Тајлер Хиро.
На останатите натпревари, Атланта го победи Њу Орлеанс со 124-112, а Чикаго беше подобар од Бруклин со 128-102.