Вести Македонија Најважни

Коцевски покрена дициплинска постапка за обвинителите Хајрулахи и Цветановски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски иницираше диспиплинска одговорност за суспендираниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и за вишиот обвинител Јован Цветановски. Ова следува откако го добил конечниот ивештај од надзорото во ова обвинителство. Дисциплинската одговорност ја покренал поради нестручно и несовесно работење на обвинителите. Во четири предмети Цветановски се откажал од жалбa или обвинение. Согласност за ова во три предмети му дал неговиот шеф Хајрулахи кој е суспендиран поради истрагата во која е осомничен дека малтретирал вработени и вршел злоупотреби. Според соопштението, дисциплинската за Хајрулахи е и поради неправилности при заведување на предметите.

„Иницирањето на дисциплинската постапка е уште една потврда за посветеноста на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да овозможи ефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела и да побара одговорност од јавните обвинители кои неоправдано ги одолговлекувале постапките или неоправдано се откажувале од кривично гонење“, информираат од Јавното обвинителство. 

Со оваа информација, обвинителството одговара на критиките дека се одолговлекуваат предмети. Коцевски вели и дека со исклучителна сериозност ги земал апелите од извршната власт и јавноста. Најавува реорганизација на силите и донел задолжително упатство за обвинителите за поефикасно гонење криминал и да се даде приоритет во корупциските предмети од јавен интерес за да нема неоправдано одолговлекување на постапките.

Хајрулахи го обвинуваше Коцевски дека му вршел притисок во предметот со бонусите на СЈО да не ѝ се даде статус на оштетена на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Овој предмет е кај обвинителот Цветановски кој минатата недела најави дека ќе донесе одлука за 10-тина дена и негираше дека сака да седне во фотелјата на државниот обвинител. Според Коцевски, ова е хајка против него што започнала откако побарал контролата врз нивната работа.

А денеска ВМРО-ДПМНЕ продолжи со критиките за државниот обвинител – дека тој е одговорен за непостапувањето и неработењето на обвинителите под него.

„Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Најавите за робусна акција во правосудството, според владата не се притисок. Владините функционери продолуваат со слична реторика. Допрва следува воспоставување на правда во државата. Оставката на Весна Дамева, според државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов, е политички фолклор и маневар.

СДСМ предлага реформи во правосудството со вклучување на странски експерти и со меѓународен мониторинг.

„Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судствотото. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски. Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа носи долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Денот, кој беше најавен за почеток на робусна акција, почна со оставката на Дамева во која за притисок и закани ги посочи премиерот Мицкоски и пратеникот Милошоски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невработени му пишувале на Стојачне Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе