Вести Македонија Најважни

Влада: Оставката на Дамева е исправна, правдата мора да профункционира

Судскиот совет на денешната вонредна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата, поради отсуството на двајца членови Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски. Останатите едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав и на изборот да се навратат на следната седница. И додека од оставката на Дамева се изненадија нејзините колеги, од Владата истата ја поздравија.

„По огромните забелешки за работата на претседателката на судскиот совет Дамева единствената можна и исправна одлука е нејзината оставка. Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, соопштија од Владата.

Од партиите засега со реакции се јавија само они од албанскиот блок. Од опозициската ДУИ ги осудија, како што наведуваат, политичките напади врз Дамева и бруталните интервенции врз интегритетот на Судскиот совет.

„Личните напади, политичките притисоци и јавните манипулации што ги опиша госпоѓа Дамева се јасен одраз на нелегитимната и неодговорна власт, која не запира во обидите да го прошири своето влијание врз секој сегмент од државата. Оваа влада не само што не успеа да обезбеди праведен и независен судски систем, туку ги користи сите средства за да ги уценува и дискредитира оние кои не се подготвени да се покорат пред политичките притисоци. Кога високи функционери на правосудството, задолжени за заштита на правото и правдата, јавно се уценуваат, пораката е јасна: во оваа држава, независноста на институциите стана непријател на власта“, реагираа од ДУИ. 

Од Вреди пак им  одговорија на ДУИ дека тоа што зборуваат за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ, според коалицијата, е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет и за тоа мора и ќе има одговорност.

„Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ леат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласа и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставила точките што не и одговараат на поранешната власт“, наведоа од Вреди. 

Од ДУИ апелираат и до меѓународните институции внимателно да ја следат состојбата и да реагираат.

Марија Митевска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе