Вести Македонија Најважни

Почитувајте ги државните симболи и не потклекнувајте пред обиди за нарушување на соживотот – верските лидери со порака до граѓаните

Мировна порака и апел за зачувување на соживотот во Македонија. Ова следува откако кулминираше прославата на Денот на албанското знаме. Македонски знамиња беа симнати од јарбол, дел завршија пеплосани и искинати. Полицијата одговори со приведувања.

Пред очите на јавноста се вееја и знамиња со иредентистички симболи. Со тоа, се зголемија тензиите и се покренаа бројни прашања и дилеми за меѓуетничкиот соживот. Покрај одговорот на институциите, денеска со реакција се јавија и лидерите на верските заедници.

Тие се собраа во просториите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и се обратија до секој граѓанин, со повик за разум во чувствителен момент.

„Бог нѝ дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот“, вели протоѓакон Драган Иванов.

Во денови на тензија и провокации, полицијата приведе и уништувачи на албанското знаме во Прилеп, кое го сквернале како реакција на претходните случувања.

Наместо вакви работи, лидерите на верските заедници повикуваат да се почитуваат државните симболи.

„Сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симобли на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа“, додава протоѓакон Драган Иванов.

Покрај лица кои сквернавеле знамиња, МВР во изминатите денови приведе и учесници во тепачка, а во текот на прославата се чуле и рафални и поединечни пукања. Пиштолџиите исто така ќе одговараат пред законот.

Сите овие случувања, според министерот за внатрешни работи Тошковски, се причина полицијата да се сомнева во организатори на насилствата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе