Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Дали се наѕира крајот на владеењето на Асад – Побунетата опозиција зазеде поголем дел од Алепо

Сириските бунтовници ја презедоа контролата над поголемиот дел од вториот по големина град во Сирија, Алепо, соопштуваат набљудувачите од Сирискиот опсерваториум за човекови права.

Според информациите од терен кои ги пренесуваат светските медиуми, Русија започнала воздушни напади врз делови од Алепо во текот на ноќта, по прв пат од 2016 година, гаѓајќи ги нивните позиции.

Нападот, кој започна во средата, е најголемата офанзива против сириската влада во последниве години и првпат од 2016 година, кога побунетата опозиција беше истисната од Алепо од страна на сириската војска.

Според Сирискиот опсерваториум за човекови права, повеќе од 300 луѓе, вклучително и повеќе од 20 цивили, загинале откако започнал нападот.

Во текот на нападот, бунтовниците успеале да го заземат поголемиот дел од Алепо без значителен отпор.

Според изјави на локалните извори, сириските владини сили се повлекле без борби, а владини институции како градскиот совет, полицијата и разузнавачките служби останале празни.

Во исто време, сите патишта кои водат до Алепо се затворени, а затворен е и аеродромот.

Владините сили потврдија дека, по почетните напади на бунтовниците, успеале да ја повратат контролата во неколку градови во Алепо и Идлиб, но борците на опозицијата, вклучително и групата Хајат Тахрир ал-Шам, продолжиле со напредување.

Овој напад на Алепо претставува значителен удар за авторитетот на сириската влада и нејзините сојузници, особено Русија.

Набљудувачите сметаат дека бунтовниците напредувале брзо делумно поради ослабената поддршка на сојузниците на Сирија, како што се Иран и Хезболах, поради израелските напади во регионот.

Тензиите во регионот растат, со тоа што повеќе од половина милион луѓе загинале од почетокот на сиријската граѓанска војна, која започна по почетните протести против владата на Башар ал-Асад во 2011 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе