Во петок со продор на влажна и постудена воздушна маса. Наутро ќе има појава на магла и ниска облачност по котлините. Преку ден ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Во Скопје, наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5°C, а максималната од 5 до 13°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-3 Берово, -1 Тетово, Битола, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Охрид, Претор, 4 Гевгелија, Крушево, Виница.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 8.0, Дојранско Езеро 8.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/