Кошарка Спорт

Лејкерс им се вратија на победите по трите порази по ред (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс ја прекинаа лошата серија од три порази по ред и утринава славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 101-119. Дури седум играчи на Лејкерс имаа двоцифрен ефект во нападот, а најефикасен со 20 поени беше дебитантот Далтон Нехт. Ентони Дејвис имаше 19 поени и 14 скока, а Леброн Џејмс имаше 16 поени со 11 асистенции. Виктор Вембањама со 20 поени и 10 скока најмногу се истакна кај Спарс.

Денвер ја победи Јута на гостински паркет со 103-122. Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 30 поени, 10 скока и седум асистенции. Во дербито на Западната конференција, Голден Стејт загуби на домашен паркет од Оклахома со 101-105. Шаи Гилџеус Александер со 35 поени беше играч број 1 на паркетот за Тандер, додека кај Вориорс, кои беа без првата ѕвезда Стеф Кари, најефикасен беше Џонатан Куминга со 19 поени.

На останатите натпревари, најдобриот тим во лигата Кливленд загуби на домашен паркет од Атланта со 124-135, Далас без Дончиќ во составот ја оствари четвртата победа на последните пет средби и тоа против Њујорк со 129-114. Победи остварија и Мајами, Индијана, Орландо, Хјустон, Мемфис, Сакраменто и Бруклин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе