Вести Свет Топ вести

Ќе продолжи со поддршката или ќе ги напушти – Украинците во дилема за пристапот на Трамп кон нив

Паралелно со подготовките на Доналд Трамп за враќање во Белата куќа, украинските функционери работат низ кулоарите на воспоставување на врски со неговата нова администрација, потврдија од украински политички и дипломатски кругови за „Украинска правда“.

Кабинетот на Зеленски, наводно, успеал да „отвори комуникациски канали“ со Ричард Гренел, поранешен амбасадор на САД во Германија, кој се споменуваше и како можен кандидат за државен секретар, позиција на која Трамп, сепак, го именува Марк Рубио. Според „Украинска правда“, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андреј Јермак започнал контакти со Гренел по состанокот меѓу Трамп и Зеленски во септември.

Но, спротиставените пораки од опкружувањето на Трамп ги комплицираат напорите на украинските претставници за поврзување со новата американска администрација.

„Некои тврдат дека Трамп сè уште им забележува на Зеленски и на Јермак за недоволната поддршка за време на постапката за негово отповикување во 2020 година“, изјави украински функционер за „Украинска правда“.

„Но, Трамп тогаш јавно се заблагодари на ставот на нашите луѓе. Други, пак, сметаат дека ќе нема поддршка додека Трамп порачува дека се ќе биде во ред и оти нема да ги напушти Украинците. Се чини како намерно да создава неизвесност“, додава тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Дејан Дејан

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе