Романскиот ултрадесничарски критичар на НАТО, Калин Георгеску и левичарскиот премиер Марсел Чолаку добија најмногу гласови во првиот круг на претседателските избори во земјата што се одржаа во неделата, покажуваат нецелосните резултати, пренесува „Ројтерс“. Според агенцијата, резултатот е шокантен и го загрозува цврстиот проукраински став на Романија.
По пребројани, речиси, 93 отсто, од гласовите, Георгеску има 22 отсто додека Чолаку доби 21 отсто од гласовите. Двајцата ќе одат во вториот круг на избори за претседател на Романија што е закажан на 8 декември.
Кандидатката на десниот центар, Елена Ласкони беше втора, зад Георгеску, меѓу стотините илјади гласачи кои живеат надвор од Романија по 50 отсто пребројани гласачки ливчиња. Но, според набљудувачите, Ласкони најверојатно нема да влезе во вториот круг, иако првичните излезни анкети укажуваа дека таа и Чолаку ќе бидат на гласачкото ливче на 8 декември.
На претседателските избори во Романија учествуваа 14 кандидати за функцијата шеф на државата.