Националниот џез оркестар в сабота ( 30. ноември) во Македонската филхармонија ќе одржи концерт со композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80 и 90 години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан. Како специјални гости на концертот ќе настапат: Бранислав Николов- Пијан славеј и џез вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Секој од нив ќе испее по четири песни од албумот на Енка.
- За овој концерт постоеше идеја од поодамна. На концертот одлучивме да бидат тие вокалисти зашто имаат сопствени карактери како музичари. А, концертот ќе биде гламурозен, кажа директорот на Националниот џез оркестар , Гоце Стевковски.