Кошарка Спорт

Кошаркарите засилени со Димитријевиќ бараат сензација во Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18:30 часот гостува во Клаипеда кај Литванија во рамки на 4.коло во квалификациите за Евробаскетот идната година. Во составот се враќа нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој го пропушти скопскиот дуел со Литванците во четвртокот поради клупски обврски во Евролигата.

Македонија мора да направи сензација денеска против Литванија на гостински паркет за да остане во игра за пласман на Европското првенство. Со пораз во Клаипеда и со победа на Естонија против Полска, ние и математички ќе ги загубиме шансите за Евробаскетот, па последните две кола во февруари за нас ќе немаат резултатско значење.

Во Скопје во салата „Кале“ во четвртокот загубивме од Литванија со 67-82. Гостите беа доминантни во текот на целиот натпревар, но Македонија имаше свои моменти особено во последниот период. Сега со враќањето на Димитријевиќ во ростерот, нашите шанси за добар резултат секако се зголемуваат. Проблем за селекторот Александар Јончевски е тоа што нема да може да смета на најдобриот играч од првата средба со Литванија, Кристијан Николов, кој мораше да се врати во Турција поради обврски кон својот клуб Џеди Осман.

На табелата во групата Х, Естонија има максимални три победи, пред Литванија со скор од 2-1, Македонија е трета со една победа и два порази, а Полска е последна со три порази. Сепак, Полјаците овие квалификации ги играат ревијално поради тоа што имаат загарантиран пласман на Евробаскетот како еден од ко-домаќините на турнирот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе