Кошарка Спорт

Димитријевиќ блескаше со 43 поени, но Македонија загуби во Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација добро се држеше три четвртини во Клаипеда, но на крајот загуби од Литванија со убедливи 94-72 во рамки на 4.коло во квалификациите за Евробаскетот идната година. Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар со 43 поени, но се повреди во последниот период по што домашните кошаркари ја направија разликата.

Македонија доживеа убедлив, но нереален пораз во Клаипеда, бидејќи бевме во игра за победа до последните 10 минути од средбата. Нашите кошаркари водеа во најголем дел од првото полувреме, а на големата пауза заминавме со предност од 43-46. По третиот период имавме негатива од само два поени или 64-62, но по само неколку минути игра во последната четвртина се повреди нашиот најдобар играч Димитријевиќ, кој мораше да го напушти паркетот. Тогаш Литванците почнаа да ја билдаат разликата за конечни 94-72.

Димитријевиќ одигра НБА-натпревар, бидејќи постигна неверојатни 43 поени. Останатите наши кошаркари имаа скромен учинок, а зад играчот на Олимпија Милано по шест поени постигнаа Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ и Андреј Маслинко.

Македонија и покрај поразот има математички шанси за пласман на Евробаскетот и тоа откако Полска славеше на гостувањето кај Летонија со 86-88. Треба да се напомене дека Полјаците како еден од домаќините на Евробаскетот имаат сигурен пласман.

Во последните две рунди во евроквалификациите во февруари, на нашиот тим му треба победа од повеќе од шест поени разлика на гостувањето кај Естонија, а потоа и домашен триумф против Полска. Идеалното сценарио за Македонија вклучува и пораз на Естонија на гости кај Литванија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе