Вести Македонија Топ вести

Коцевски: Суспензијата за Хајрулахи е законска

Врз одлуката да го суспендира вишиот обвинител Хајрулахи не влијаело тоа што периодов имаат заострени односи, вели државниот обвинител Коцевски кој ги отфрли обвинувањата дека со суспензијата на Хајрулахи прави преседан, го крши законот за јавни обвинители и ја злоупотребува хиерархиската моќ.

Овие критики на негова адреса во понеделникот ги упати членката на Советот, Кети Петкова која единствено беше против суспензијата, но денеска таа не беше присутна на седницата и не се сретнаа со Коцевски. Државиот обвинител вели дека постапил законски и го суспендирал Хајрулахи поради истрага за две сериозни кривични дела.

Петкова, пред да стане дел од советот, била адвокатка во предметот на СЈО – „Поштенска банка“, еден од предметите што се под лупа, затоа што вишото обвинителство ја повлекло жалбата и предметот запрел. Таа тврдеше дека тоа не влијаело врз нејзинте ставови.

Хајрулахи, пак, го спореше тоа што што обвинителката Лиле Стефанова од поранешното СЈО е дел од тимот што врши контрола во вишото. Коцевски вели дека во надзорот нема предмети на кои постапувала Стефанова претходно и дека нема судир на интерес.

Државниот обвинител денеска во Советот поднел и одговор на службените белешки на Хајрулахи кој тврдеше дека му вршел притисок за бонусите на СЈО и на вишиот обвинител Јован Цветановски кај кого е жалбата за конкретниот предмет.

Претседатлеката на Советот, Димитриеска во понеделеникот рече дека чека да се произнесе Коцевски, па ќе закаже седница на која ќе се дискутира за службените белешки на вишите обвинители.

Во меѓувреме, тече нов рок од 30 дена за изготвување на извештајот од надзорот, откако Коцевски на 13 ноември побарал дополнување за да се разјаснат повеќе прашања поврзани со професионалноста, ажурноста и законитоста во постапувањето на вишите обвинители.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе