Украина за првпат лансираше британски ракети „Сторм сенка“ со долг дострел на 300 километри на руска територија, објавуваат западните медиуми, повикувајќи се на неименуван западен претставник.
Додека пак на Телеграмскиот канал поврзан со украинската војска е објавено видео на кое се покажува како е истрелан ракетен систем ATAСMС испорачан од САД на непозната локација во Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина истрелала шест американски ATAСМС во нејзиниот регион Брјанск, од кои војската соборила пет од нив и оштетила уште еден.
Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира извештаи или оперативни прашања.
Велика Британија претходно му порача на Киев дека може да ги користи ракети „Сторм сенка“на украинска територија.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека пораките кои се шират се од корист само на Русија и додаде дека Украина има нов пакет од 275 милиони американски долари подрршка од Америка.
„Информациското лудило што се случи денеска, со некои пораки за паника поминаа наоколу – сето тоа е од корист само на Русија. Ве молиме, грижете се за себе, поддржете ја нашата армија и бидете особено внимателни никој да не манипулира со вашите емоции за своја корист“. Имаме нов пакет за поддршка од Америка. Вреден 275 милиони американски долари“ изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Портпаролот на Кремљ, Песков посочи дека американската администрација во заминување е целосно посветена на продолжување на војната во Украина.
„Претседателот навистина постојано зборува дека е подготвен за контакт и преговори. Ова е првата работа. Претседателот, исто така, веќе рече дека секоја опција за замрзнување на овој конфликт нема да биде во наша корист. Тоа е важно за нас да ги постигнеме нашите цели кои се добро познати на сите“ изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
Се појавија слики кои ги прикажуваат последиците од украинскиот напад со британските ракети „Сторм сенка“. Голем дел од снимките се споделуваат на социјалната мрежа Телеграм лоцирани до градот Марино – мало село во Курск.
Воените експерти предупредуваат дека украинската фронтовска линија е значително развлечена, а нејзините единици се преморени по повеќе месечните интензивни борби.
Теа Димковска