Грција е зафатена од 24-часовен штрајк, кој започна рано утринава, како дел од масовниот протест организиран од синдикатите, кои протестираат против економските политики на владата.
Протестите се фокусирани на инфлацијата, стагнирањето на платите и недостаточните социјални бенефиции.
Во текот на штрајкот, училиштата, градинките и владините канцеларии се затворени, додека државните болници работат само со итни служби.
Главната критика на синдикатите е дека, и покрај повеќегодишните поскапувања, платите не се зголемени, што ја прави животната ситуација се потешка, особено за младите, кои се соочуваат со високи трошоци за домување.
Претставниците на јавниот сектор бараат зголемување на платите за 10% и враќање на 13 и 14 плата.
Лидерите на синдикатите го обвинија премиерот Киријакос Мицотакис дека не успеал да се справи со инфлацијата и растечките трошоци за живот, истакнувајќи дека минималната плата во Грција, која изнесува 900 евра, не е доволна за покривање на високите трошоци за живот, додека цените на енергијата и телекомуникациите се меѓу највисоките во Европа.