Вести Свет

„Не смееме да се плашиме да направиме уште повеќе сега“ изјави Зеленски по повод 1000 дена од војната во Украина

„Не смееме да се плашиме да направиме уште повеќе сега“ одекна гласот на Зеленски во Европскиот парламент по повод 1000 дена од целосната инвазија врз Украина.

Зборувајќи преку видео повик од Киев, Зеленски изјави дека „Путин е фокусиран на победа во оваа војна и дека нема да запре сам. Според Зеленски очигледно е дека Русија нема да се вклучи во отпочнување на договори за ставање крај на војната.

  • „Вака на сметка на Украина, Путин е фокусиран на победа во оваа војна. Тој нема да запре сам Секој ден е најдобриот момент да ја туркаме Русија посилно, и јасно е без одредени клучни фактори, Русија нема да има вистинска мотивација да се вклучи во значајни преговори“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Во главниот град жителите на Киев ја започнаа и оваа недела со повторни, воздушни аларми. Звукот на сирените во било кој час од денот или ноќта стана дел од нивното секојдневие.

На Плоштадот на независноста во Киев се појави неофицијален споменик на оние кои се бореле и загинале во војната. Сината и жолтата боја на националните знамиња, исцртани со фотографии на паднати војници, и амблеми на многу други борци, ја покажуваат жртвата на загинатите во украинско-руската војна.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте посочи дека сојузниците на Украина мора да помогнат на Украина, бидејќи Севернокорејците и Кина и помагаат на Русија во воените напори.

  • „Денес, ќе разговараме како можеме да и помогнеме на Украина да преовлада. Тоа значи повеќе помош, повеќе пари што ги имаме. Дајте им на располагање, особено сега кога се појавија Севернокорејците и знаеме дека Кина и помага на Русија во воените напори. Путин треба да плати за ова, на пример, со ракетната технологија која оди во Северна Кореја, која потоа претставува директна закана не само за нас, туку и за Јужна Кореја, за Јапонија, па дури и за копното на САД” изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Од друга страна САД, Велика Британија и Франција донесоа одлука со која им дозволуваат на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија со нивните ракети „SCALP“ и „Storm Shadow“. Дострелот на овие ракети е уште поголем од американските „Атакамс“ – и може да достигнат мета на оддалеченост од 450 километри.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе