Вести Најважни Свет

Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала во напад врз Украина

Најмалку три лица се убиени, а шест се повредени откако Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала, насочени кон енергетската инфраструктура на Украинa. Експлозии се слушнаа ширум Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев како и клучното јужно пристаниште Одеса. Украинските одбранбени сили успеале да соборат 140 воздушни цели.

Една од жртвите е во Киев во округот Печерск, откако во рускиот ракетен напад беше погодена петкатна станбена зграда. Жителите на градот побараа засолниште во градските  подземни железнички станици за да се заштитат од воздушните напади.

Се зголемуваат стравувањата за капацитетот на Москва да ја уништи енергетската инфраструктура и да предизвика прекини на струја низ целата Украина.

Украинските власти ги повикаа западните сојузници да помогнат во зајакнување на воздушната одбрана на земјата за да може да се спротивстават на нападите и да ја санираат штетата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за Украинското радио изјави дека ќе стори сé за војната да заврши следната година преку дипломатски средства. Нов фокус е ставен на потенцијалните идни преговори по победата на Доналд Трамп. Сепак Зеленски предупреди дека зголемената подготвеност на Русија да се вклучи во разговори не значи дека Москва навистина сака да стави крај на војната.

  • „Ситуацијата на исток е навистина тешка. Има бавен, но постојан притисок и напредување од страна на Русите. Од различни причини: пополнување на нашите бригади со обучен персонал, опремување и целосно вооружување на овие бригади – сите овие процеси беа прилично бавни. Не можеш само да ја наполниш бригадата со персонал, ако чека одредено оружје. Чекавме 12 месеци за да ни биде испорачано некое оружје откако беше одобрено од Конгресот“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц ја отворија пандорината кутија. Путин рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот со Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, кои ќе се засноваат на „новата реалност на терен“, но и како да се решат причините за крај на војната.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе