Вести Најважни Свет

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне Русија со ракети со долг дострел – нападот се очекува за неколку дена

Американскиот претседател Џо Бајден даде зелено светло за Украина да користи ракети со долг дострел доставени од САД за да ја нападне Русија. Москва ја нападна енергетската инфраструктура во Украина, при што погоди и цивилни згради.

Во нападите загинаа најмалку 10 лица. Претседателот Зеленски рече дека 120 проектили и 90 беспилотни летала биле лансирани за време на „масовниот комбиниран напад врз сите региони“ со проектили кои стигнале до најзападниот дел на Украина.

По неколку месечно барање на украинскиот претседател Зеленски, американски официјални лица соопштија дека Претседателот на САД, Џо Бајден и ја одобри на Украина првата употреба на американски ракети со долг дострел. Нападот се очекува за неколку дена.

Оружјето најверојатно првично ќе се користи против руските и северно- корејските трупи во областа Курск во западна Русија. Одлуката на Бајден е голема промена во американската политика, донесена е само на два месеци пред крајот на неговиот мандат.

Дозволувањето на Украинците да ги користат ракетите со долг дострел, познати како Армиски тактички ракетни системи, се случува како одговор на ненадејната одлука на Русија да ги воведе севернокорејските трупи во борбата.

Според изворите, првите длабоки удари најверојатно ќе бидат изведени со помош на ракети, кои имаат дострел до 300 километри.

Засега нема реакција од страна на Путин но, уште во септември, тој го предупреди Западот да не дозволи Украина да ги користи нивните ракети со долг дострел за да ја погоди руската територија, бидејќи Москва ќе го гледа тоа како „директно учество“ на земјите од НАТО Алијансата во војната во Украина. А тоа рече Путин „суштински ќе ја промени природата на конфликтот“. Односно тоа ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските држави, се борат со Русија“, рече лидерот на Кремљ.

Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала во напад врз Украина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе