Вести Свет

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас

Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ полн со патници бил погоден со куршум од пиштол додека се движел на пистата на аеродромот Лав Филд во Далас, соопштија денеска локалните власти.

„Авионот се подготвувал да полета за Индијанаполис кога куршум ја погодил десната страна на авионот под пилотската кабина“, изјави портпарол на „Саутвест ерлајнс“ за Си Би Ес.

Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас изјави дека патниците биле симнати, авионот се вратил во депото, а пистата била накратко затворена.

Полицијата во Далас го потврди инцидентот, посочувајќи дека инцидентот се случил во 21:48 часот по локално време. Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој пукал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе