Вести Свет

Путин му порачал на Шолц дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина

„Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена“ размена на мислења за ситуацијата во Украина.

Во разговорот Путин нагласил дека Русија секогаш ги исполнувала договорните обврски во енергетскиот сектор и дека е подготвена за заемно корисна соработка на тоа поле, доколку е заинтересирана и Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе