Вести Македонија Топ вести

Сопственичка на фирмата „Анго“ која требаше да ја гради спорната катна гаража e избрана за член на комисија на АЕК

На собраниската седница, за член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која се одржа во вторникот е избрана сопственичката на „Анго“, фирмата која требаше да ја изгради спорната катна гаража до Собранието. Анкица Трпковска  е избрана со 61 глас од пратениците на владејачкото мнозинство.

„Трпковска нема да биде вработена во АЕК, туку ќе треба да учествува на седниците на комисијата која на некој начин функционира како управен одбор – усвојува годишни извештаи и програми, ја следи реализацијата, разрешува и бира директор. За ангажманот ќе прима месечен надоместок во висина од четири просечни плати, односно околу 2.700 евра“ објави Призма.

Таа сè уште се води како сопственичка на „Анго“, компанијата што го купи државното земјиште за 330.000 евра во 2013 година, во времето кога со владата управуваше Никола Груевски, меѓутоа фирмата не го изгради паркиралиштето во рокот од десет години којшто истече во септември годинава.

Пред неколку месеци, набрзо по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се процени дека е небезбедно да се подигне гаража до објект од витално значење каков што е Парламетот. Затоа и почнаа преговори со претставници на компанијата за обесштетување.

Од Собранието соопштија дека наскоро ќе биде готов законот со кој би требало да се реши проблемот.

Трпковска беше член на Либералната партија, а извесен период беше и претседателка на партиската унија на жени. Во 2017 година стана и советничка во општина Бутел, од изборната листа предводена од тогаш владејачката СДСМ, а во последен период може да се забележи дека на социјалните мрежи  ја поддржува владејачката ЗНАМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руско МО: Украина утрината употребила шест ракети АТАКМС за напад врз аеродромот во Таганрог

Дејан Дејан

Макрон бара поширок политички договор за да именува нов премиер

Дејан Дејан

Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе