Вести Свет Топ вести

Портокалов аларм за Тарагона и Малага – Шпанија пред закана од ново невреме

Властите во источна и јужна Шпанија ги затворија училиштата и почнаа да евакуираат дел од жители во населените места од овој регион, бидејќи земјата се соочи со нови обилни дождови по две недели од катастрофалните поплави, во кои загинаа најмалку 215 лица и предизвикаа жестоки политички судири во земјата.

Државната метеоролошка агенција АЕМЕТ стави големи делови од источна и јужна Шпанија под портокалово ниво на предупредување и издаде највисоко ниво на предупредување за провинциите Тарагона во Каталонија и Малага во Андалузија.

Владата на Андалузија ги затвори училиштата во провинциите Малага и Гранада, а 3.000 луѓе беа евакуирани од населбите во близина на реката Гвадалорсе, која минува низ провинцијата Малага.

Линиите за брзи возови меѓу Малага и Мадрид се во прекин, пренесуваат медиумите. Властите во Каталонија ги повикаа луѓето да бидат крајно претпазливи, додека регионалната влада на Валенсија, која беше критикувана за справување со катастрофата, советуваше општините во погодените области да ги затворат училиштата, а луѓето да работат од дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе