Од утре почнува јавната дебата за законот за Судски совет. Министерот за правда Филков вели дека ќе ги послушаат ставовите на експертите и на работатната група. Според него најзначајна реформа клучно за напредокот на патот кон ЕУ се измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.
До крајот на годината експертите ќе дебатираат каков Судски совет му е потребен на правосудстовото. Од утре почнуваат јавните расправи за законските измени а планирани се 4 низ целата држава, потоа ќе се пишува законот најави министерот за правда. Дали ќе има некакви новини во однос на законските измени кои ги подготвуваше работна група формирана од неговиот претхопдник. Филков вели дека се ќе зависи од ставовите на експертите и заклучоците од јавната расправа.
Според Планот за раст до декември следната година треба да биде донесен Законот за Судкси совет согласно препораките на оценската мисија. Дел од препораките на оценската мисија се во надлежност на Судксиот совет но голем дел треба да се имплементираат низ законски, па и низ уставни измени.
Експерите на ЕУ дојдоа во земјава по незкаонското разрешување на Весна Дамева од претседателската позиција и го изговтвија извештајот до 40 препораки. Иако премиерот повеќе пати кажуваше дека не се откажува од идејата за распуштање на советите доколку не добие подобри идеи ЕК во последниот извештај ги постави црвнените линии дека тоа е загрижувачки и дека ке назначи поткопување на независоста на судството.
Елена Ивановска Мукоска