Вести Свет

Во два израелски напади во Газа загинаа 30 лица од кои 13 деца

Палестинската цивилна одбрана во Газа денеска соопшти дека 30 лица, меѓу кои 13 деца, биле убиени во два израелски воздушни напади врз две куќи во Појасот Газа.

Во првиот напад на семејна куќа во Џабалија, на северот на Газа, загинаа најмалку 25 лица, од кои 13 деца.

Над 30 лица се ранети рано утринава, соопшти Цивилната одбрана.

Палестинските спасувачи соопштија и дека во вториот израелски напад врз куќа во населбата Сабра, во градот Газа, загинале пет лица, а неколку се водат за исчезнати.

Се вели дека повеќе цивили се уште се под урнатините.

Израелската армија се бори против палестинската исламистичка организација Хамас и други вооружени организации во Појасот Газа и против либанската исламистичка организација Хезболах во Либан.

Палестинското Министерство за здравство наведува дека над 43.550 Палестинци загинаа во израелската одмаздничка офанзива во Газа, од кои повеќето цивили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе