Вести Свет

„Хаарец“: ИДФ врши етничко чистење на северот од Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведуваат операција за етничко чистење во северниот дел на Појасот Газа, пишува денеска израелскиот весник „Хаарец“.

Според весникот, Палестинците кои останале во областа за време на новата израелска офанзива во моментов се насилно евакуирани.

„Во таа област се градат широки патишта и се комплетира одвојувањето на (палестинските) заедници во северниот појас од центарот на градот Газа“, пишува израелскиот весник.

Палестинското Министерство за здравство ја ја окарактеризира ситуацијата на северот од Газа како „катастрофална“.

Според Министерството, бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа се искачи на околу 43.552, додека бројот на ранети достигна 102.765.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе