Еден човек загина, а двајца други се повредени откако маж со нож нападна полн неделен пазар во Волворт, јужен Лондон, пишува „Сан“.
Полицијата околу 11:40 часот добила повик дека повеќе луѓе се избодени со нож на улицата „Ист“.
И покрај напорите на итната помош, кај еден маж е констатирана смрт на местото на настанот.
На местото на настанот е уапсен маж за кој се верува дека има околу шеесет години.
Инцидентот не се третира како тероризам, а истрагата е во тек, соопшти полицијата
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.