Вести Свет

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

– Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе