Вести Свет

Катар престанува да биде посредник во мировните преговори за Газа

Катар повеќе нема да посредува во разговорите за прекин на огнот во Газа додека Хамас и Израел не „покажат искрена волја да се вратат на преговарачката маса“, изјави официјален претставник запознаен со ова прашање.

– Заливската земја заклучи дека политичката канцеларија на Хамас во Доха повеќе не и служи на својата цел, додал официјалниот претставник.

Овој потег е најголемиот неуспех во напорите за постигнување прекин на огнот откако Хамас ја предизвика војната во Газа со терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година.

– Катарците уште од почетокот на конфликтот рекоа дека можат да посредуваат само кога двете страни ќе покажат вистински интерес за изнаоѓање решение, рекол дипломатот.

Тој додаде дека Катар ги известил Хамас, Израел и американската администрација за својата одлука.

Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. На последната рунда разговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го отфрли предлогот за краткорочен прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе