Вести Македонија

Сѐ уште нема одговори како избега и кој е одговрен за бегство на поранешниот припадник на ОВК

Постапката  за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Кривичниот суд кој му определи куќен притвор на Косовецот Блерим Рамадани продолжува. Телма дознава дека двајца од тројцата членови на комисијата биле за тоа да се отфрли барањето, и да не се води постапка за утврдување на одговорност на Пајазити.  Но законот за судски предвидува дека само едногласно со три гласа, може да се отфрли иницијативата, па одлука паднала на вчерашната седница на судски, во делот затворен за јавност, на која мнозинството членови дале виза постапката да оди до крај.

Според законот сега Комисијата има рок од три месеци да прибира докази и информации, но и  судијата има право да достави свои докази и да одговори на обвинувањата. Потоа треба да се одржи расправа пред Комисијата на која е поканет судијата наспроти иницијаторот на постпаката за одговорност, во случајов членот Александар Камбовски. Потоа комисијата изготвува извештај кој се разгледува на седница. Судски со 7 гласа може да утврди дека нема основ за одговорност. За разрешување потребна е поддршка од 8 члена од Советот . Доколку го нема потребниот број на гласови за разрешување се гласа за други полесни дисциплински мерки. Судијата има право на жалба на одлуката.

Покрај куќниот притвор друг аспект кој се оспоруваше е отповикувањето на согласноста за екстрадиција по скратена постапка која Рамадани ја дал во присуство на неговиот адвокат и преведувач. По неколку дена судијата ја отповикал оваа одлука, откако адвокатот на Косовецот тоа го побарал со обралзожение дека имало недоразбирање. Во законот стои дека изјавата со која се дава согласност за екстрадиција по скратена постапка е неотповиклива.

Постапката за нестручно и несовесно работење ја води судски, а обвинителството треба да открие како избегал од државата. Опозициската СДСМ тогаш обвини дека поранешниот припадник на ОВК двапати ја минувал границата со помош на полициски структури и вработени во институциите. Обвинителството уште во септември иницираше разгледување снимките на безбедносните камери на граничните премини, но се уште се анализираат снимките

  • „Во врска со предметот за кој покажувате интерес поврзан со бегството на Блерим Рамадани, во предистражната постапка што ја спроведува ОЈО ГОКК, а се однесува за евентуална инволвираност на полициски и царински службеници, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција издаде наредби до МВР по кои постапуваат тамошните службени лица“ велат од  ОЈО ГОКК.

Рамадани летоска беше приведен по потерница на Интерпол и доби притвор од судијата Пајазити кој подоцна му го менува со куќен притвор кај роднини. По жалба на обивнителството Кривичен одлучува да го врати во Шутка но полицајците не го нашле на посочената адреса.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе