Утрото студено, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 8°C, а максималната од 18 до 24°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
0 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 5 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Тетово, 6 Демир Капија, Претор, Охрид, Куманово, 7 Штип, Крушево, Дебар.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 18.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/