Македонската фудбалска репрезентација скокна три позиции на најновата ранг-листа на ФИФА откако во овој месец октомври имаше две победи против Летонија и Ерменија на гостински терен во рамки на Лигата на нации на УЕФА.
Македонија славеше со 3-0 на гости кај Летонија и со 2-0 во Ерменија, а овие бодови нѐ искачија на 69.место на најновата ФИФА-листа. Нашата репрезентација сега има 1361,01 бод, а ноември е нова шанса дополнително да напредуваме ако ги добиеме следните два натпревари. Ја заокружуваме сезоната во Лигата на нации со Летонија и Фарски острови на домашен терен.
На врвот на листата нема поголеми промени. Аргентина е прва пред Франција, Шпанија и Англија, додека Бразил е петти. Белгија е шеста, а Португалија напредуваше една позиција на седмата на сметка на Холандија, а десетте најдобри репрезентации ги комплетираат Италија и Колумбија.
Фото: Игор Паневски