Ракомет Спорт

Лазаров: Еурофарм Пелистер ќе сака да ни се реваншира за Суперкупот

Алкалоид вечерва од 19 часот го пречекува Еурофарм Пелистер во рамки на дербито на 8.коло во ракометната Суперлига. Во првата пресметка сезонава скопскиот тим славеше во Суперкуп дуелот во Гевгелија со 33-30, а Алкалоид го победи битолскиот состав и во ланското големо финале во Купот. Тоа се првите два трофеи во клупските витрини на младиот клуб, па тренерот Кирил Лазаров очекува Пелистер да сака одмазда вечерва во „Автокоманда“.

„Не чека тежок натпревар и мислам дека Еурофарм Пелистер ќе сака да ни се реваншира за Суперкупот. Можам да кажам дека по играчи тие се и најдобрата екипа во Македонија и секако нѐ очекува тежок натпревар“, изјави Лазаров. 

Алкалоид моментално е единствениот тим со перфектен ефект во Суперлигата со седум победи од седум натпревари, а актуелниот шампион има еден пораз од гостувањето во Скопје кај вечниот ривал Вардар.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе