Вести Економија Топ вести

Четиринаесетте граници меѓу екс-Ју републиките ја отежнуваат трговијата – заеднички регионален пазар е клуч за економски напредок на Западен Балкан

Заеднички регионален пазар е клучен за државите во Западен Балкан со кој ќе се овозможи напредок и раст на економијата. Државите членки на ЦЕФТА кои во рамките на Берлинскиот процес го усвоија новиот акциски план за периодот 2025 – 2028 година треба да спроведат реформи преку кои ќе се зголеми мобилноста, трговијата и инвестициите што ќе придонесе за зголемена регионална размена на стоки, но и со Унијата, а преку тоа и раст на економијата во регионот.

Придонесувањето кон економскиот развој преку зајакнување на регионалната соработка е високо на листата на Берлинскиот процес од самиот почеток, а пристапот кон ЕУ е преку владеење на правото и економската интеграција. Патувањето со лични карти, укинувањето на роамингот и признавањето на универзитетските и професионални дипломи се чекор напред во регионот, кажа амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.

Регионалната економска соработка и заеднички пазар е основа на ЕУ и нуди заедничка стабилност и просперитет на државите од Западен Балкан и олеснување на бизнисот со Унијата, истакна заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау и додаде дека шесте држави имаат 14 меѓусебни граници кои ја спречуваат трговијата.

Регионалниот пазар има огромно значење според професорот Ванчо Узунов. Регионот на Западен Балкан преку Берлинскиот процес ги тргнаа бариерите кои беа наметнати по распадот на Југославија. Секоја од шесте држави мора да почнат да соработуваат регионално многу повеќе отколку досега.

Узунов е дециден дека доколку заедничкиот пазар профункционира со полна сила, капацитетите на државите се големи и растот на економијата би бил поголем од предвидените 10 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе